Поднесено обвинение против едно лице за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 34 години за кривично дело  – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, заедно со уште едно осомничено лице кое се уште е недостапно на органите на прогонот, на 07.12.2019 година, на земјениот пат за с.Крушопек, над селото Грчец, во патничко возило без регистарски ознаки, неовластено држеле огнено оружје и муниција –едно полуавтоматско кусо огнено оружје “Zastava M57” со калибар 7,62Х25мм од југословенско производство со осум куршуми во шаржерот.

Полициските службеници извршиле претрес во домовите на осомничените, па утврдиле дека тие се движат со возилото и тргнале по нив. По извесно време осомничените го запреле возилото, излегле од него и побегнале, а оружјето го оставиле во автомобилот.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот