Поднесено барање за регистрација на руската вакцина Спутник во ЕУ

Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе барање за регистрација на вакцината Спутник V против коронавирус во Европската унија и очекува разгледувањето на барањето да започне во февруари.

Тимови на руски производители на вакцини и Европската агенција за лекови во вчера одржаа научен преглед на вакцината.

– Повеќе од 20 меѓународни експерти и експерти учествуваа на состанокот. Препораките ќе бидат испратени до производителите на Спутник V за седум до 10 дена, рече претставникот на Фондот,  пренесува ТАСС.

ЕМА ќе донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки.

Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, палестинските територии, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.

Извор.МИА

Прочитајте и...  Црта: Во српските медиуми нема плурализам, на Вучиќ половина од вкупното време

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар