Поднесени се 1.500 барања за инвертери, нови пријави нема да се примаат

Општина Тетово објави дека од утре, 3 септември, нема веќе да се примаат нови барања за за субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди бидејќи се поднесени 1500 пријави колку што предвидуваше јавниот повик.

-Според јавниот повик, вкупно 1500 домаќинства ќе бидат субвенционирани согласно принципот „прв дојден прв услужен”. По разгледувањето на апликациите од соодветната комисија, доколку имаме ситуација за некомполетни пријави за истиот број на можности ќе се објави нов повик за субвенционирање на инвертер, информираа од општина Тетово.

На 11 август, Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање на инвертер клима уреди за 2020 година согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување на мерки за унапредување на животната средина. Согласно повикот граѓаните за набавениот клима уред може да добијат субвенција до маскимален износ од 62 илјади денари.

За да добијат субвенција за инвертер-клима освен соодветна документација, граѓаните требаше да предадат печка на јаглен, дрва или нафта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот