Поднесени повеќе од 50 амандмани за законот за јавно обвинителство

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Пратениците поднесоа повеќе од 50 амандмани на предлог законот за јавното обвинителство и законот за советот на обвинители, за кои денеска треба да се расправа на Комисијата за европски прашања. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднела околу 20 амандмани, додека од владејачката СДСМ доставиле 16.

Од ДУИ поднеле 10 амандмани, а три се на Алијанста на Албанците. Претседателот на комисијата, Артан Груби, најави дека ќе свика продолжение на седницата откако ќе се разгледаат амандманите на консултација меѓу пратеничките групи. Претходно пратениците и од власта и од опозицијата едногласно го усвоија дневниот ред на седницата на која треба да се расправа за законите со кои се решава судбината на СЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот