Поднесена иницијативата за смена на Владата на Црна Гора

Влада на Црна Гора/ Фото: ЕПА

Иницијативата за смена на актуелната Влада на Црна Гора и официјално е поднесена до Собранието на Црна Гора.

Иницијативата е поднесена од лидерот на ГП УРА Дритан Абазовиќ и дел од опозициските партии.

Инаку, како што пишува „Вијести“, иницијативата ја потпишале 31 пратеник.

Иницијативата ја потпишаа пратениците од коалицијата „Црно на бело“, Социјалдемократската партија (СДП), Социјалдемократите (СД), Бошњачката партија (БС), Албанската листа и Албанската коалиција, Либералната партија (ЛП) и некои членови на Демократската партија на социјалистите (ДПС).

Меѓу потписниците не се пратениците од Демократска Црна Гора, Демократскиот фронт (ДФ), Социјалистичката народна партија (СНП), Демос, Права Црна Гора, Обединета Црна Гора (УЦГ) и Работничката партија (РП).

Малцинска влада

На прес-конференција на 17 јануари, коалиција „Црно на бело“ предложи модел на малцинска влада во која, како што рече лидерот на Граѓанското движење УРА и вицепремиер Дритан Абазовиќ, нема да има место за Демократскиот фронт и Демократската партија на социјалистите.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на вчерашната прес-конференција соопшти дека таквата влада е само измамничка.

Од ЕРО објаснија дека на овој потег се одлучиле по интерпелацијата на тројца министри и дека тоа е показател дека Владата нема доверба во мнозинството пратеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот