Подмолна болест без симптоми кај младите жени: Како да ја препознаете и да спречите фатален исход

Фото: Профимедиа

Ракот на грлото на матката е вториот водечки малигнитет кај жените, веднаш по карциномот на дојка.

Како настанува?

Ракот на грлото на матката настанува поради малигна трансформација на клетките што го сочинуваат грлото на матката. Поттикнувачот во дури 97 отсто од случаите е хумано папилома вирусот. Постојат повеќе од 100 типови вируси од кои 40 предизвикуваат промени на слузокожата на грлото на матката, а околу 20-30 се потенцијално онкогени.

Според патохистолошката класификација, карциномите на грлото на матката се делат на скварно-целуларни, кои се најчести, и на адено карциноми кои ги има 15 до 20 отсто. Во ретки случаи се јавуваат микроцелуларни карциноми, адено-спамозни и саркоми.

Превенција и рано откривање

Посебно изложени на ризик од појава на карцином на грлото на матката се жените:

– кои имале бројни сексуални партнери
– кои имале сексуални односи со маж кој е заразен со ХПВ-вирусот
– кои имаат кондиломи и други полови болести
– кои претходно биле лекувани поради ЦИН 1 и ЦИН 2
– кои долготрајно земале орални контрацептиви
– кои се пушачи или поранешни пушачи
– кои не одат на редовни гинеколошки прегледи и ПАПА-тест
– кои имаат слаб имунолошки систем
– Нема симптоми во раниот стадиум

Иако нема јасни симптоми, телото праќа поединечни сигнали дека во него се развива опасен тумор…

– болки во стомакот
– болки во нозете
– болки во коските
– крв во урината
– неспособност да се одложи мокрењето
– вагинално крвавење надвор од менструалниот циклус (обично тоа е точкесто крвавење)
– крвавење во менопауза
– губење апетит
– нагло слабеење
– сонливост и нервоза

По првата фаза, грлото на матката е отечено и не може да овозможи нормален проток на крвта, што доведува до отоци и болки во нозете.

Иако ракот на грлото на матката не покажува симптоми во раниот стадиум, редовното тестирање може да помогне да се откријат абнормални клетки во грлото на матката, кои се причинители на рак.

Неопходно е барем еднаш годишно да одите на превентивен гинеколошки преглед, кој вклучува колпоскопија и Папа-тест.

Кога на Папа-тестот ќе се најдат промени, се прави биопсија и цитолошки преглед на земениот материјал за точно да се утврди стадиумот на карциномот.

Покрај, тоа се следат и тумор-маркерите СЦЦ, најчесто во текот на лечењето. Инвазивниот карцином настанува кога малигните клетки ќе ја пробијат базалната мембрана и кога од епителот ќе почнат а се шират во стромот.

Карциномот од грлото се шири на три начини: лимфогено (најчесто), хематогено и директно во околното ткиво.

Лекарите истакнуваат дека кај некои жени, чест симптом е и пецкањето при мокрењето.

Важно е да знаете дека уринарните проблеми не се секогаш знак на уринарна инфекција, па најдобро е да посетите специјалист.

Крвавењето кои се јавува помеѓу редовните менструални циклуси треба да се испита за навреме да се преземат одредени мерки.

Во првата фаза, клетките на ракот може да се на површината на цервиксот или подлабоко во цервикалното ткиво. Како што се развива туморот, менструалните циклуси стануваат потешки, неправилни и често проследени со болки во карлицата, ’рбетот или нозете. Кај некои пациентки се јавува и отекување на долните екстремитет, што е знак дека туморот влегол во последната фаза.

Тогаш крвните садови се под притисок и се прекинува нормалниот проток на крвта. Исто така, клетките на рак може да се прошират во мочниот меур и да предизвикаат пецкање или крв во урината.

Процент на преживеани од заболените жени
Во почетниот стадиум, кога ракот не ја пробил базалната мембрана, односно кога лекувањето се спроведува само со отстранување на грлото на матката, петгодишното преживување е 93 отсто.

Во првиот стадиум кога болеста инвадирала во стромот на грлото на матката, степенот на преживување е помеѓу 80 и 90 отсто.

Додека, во четвртиот стадиум, петгодишното преживување е 15 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот