Подметнат пожар на „Максимир”

твитер

Турбулентниот период во Динамо Загреб кулминира вчера вечерта кога беше подметнат пожар на стадионот „Максимир“.

Управата на хрватскиот шампион наведува дека пожарот е намерно подметнат и дека е причинета материјална штета.

ГНК Динамо ја известува јавноста дека во вечерните часови во четврток на стадионот „Максимир“, непознат сторител предизвикал пожар со што е предизвикана материјална штета. Благодарение на интервенцијата на службата за обезбедување, пожарот е изгаснат по што е повикана полиција. Денеска е направен увид, а ГНК Динамо ги повикува надлежните институции да реагираат брзо и да го пронајдат сторителот“, стои во соопштението на Динамо.

Ова е последен во низата скандали кои се случуваат во Динамо Загреб. Пред 10-тина, стручниот штаб и фудбалерите чиј капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, одбија да намалување на платите поради кризата со коронавирусот која го запре фудбалот во Хрватска.

Реакцијата на управата беше експресен отказ за целит стручен штаб освен за главниот тренер Ненад Бјелица кого истата судбина го снајде неколку дена подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот