Подигнато нивото на езерото Козјак над еден метар

Рибари на езерото Козјак/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Врнежите од дожд кои беа со зголемен интензитет последниве три седмици целосно ги наполнија речните корита, што се одрази и врз порастот на нивото на повеќето вештачки акумулации во земјава, кои поради долготрајната суша речиси целосно се испразнија, а најтипичен пример беше најголемото вештачко езеро Козјак, каде нивото се спушти за повеќе од 30 метри.

Сепак последните врнежи од дожд и снег донесоа одредена надеж и оптимизам дека доаѓаат подобри денови за оваа акумулација.

– Како никогаш досега, поради незапамтената и долготрајна суша нивото на акумулацијата Козјак се спушти над 30 метри и езерската површина почна да се намалува. Од почетната точка кај село Близанско езерото се повлече околу осум километри а најголемата негова притока Треска низ некогашното езеро течеше како река. Но, последните врнежи од дожд и поволната хидролошка состојба, придонесоа нивото на езерото да порасне повеќе од еден метар и водата наместо осум километри од село Близанско, сега е на растојание од четири километри, што е најдобар индикатор за порастот на нивото на ова вештачко езеро, вели Миле Стојкоски, од РЦУК ПО Македонски Брод.

Сега сите надежи се свртени кон природата, која е единствениот адут езерото да се поврати на првобитното ниво, кога имаше длабочина од над 120 и должина од над 30 километри и беше вистински рај за риболовците од целата земја. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот