ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ХАОС! Доаѓа соларна олуја: Ќе трае три дена, а кога ќе почне задолжително исклучете ги овие уреди да не се расипат (ВИДЕО)

Тридневна магнетна олуја ќе ја погоди нашата планета кон крајот на септември, објави астрономската лабораторија на институтот за физика на Руската академија на науките.

Соларната олуја ќе почне на 27 септември и ќе трае до 29 септември. За време на првите два дена пореметувањето на магнетосферата на Земјата ќе биде посилно (категорија Г2), а третиот ден силината на соларната олуја ќе ослабе, наведува Институтот.

Соларната олуја категорија Г2 ќе влијае на енергетските системи, сателитските уреди и високофреквентните радио бранови. Посебно ќе влијае на ГПС и радио!

Соларните олуи се честа појава во вселената и можат да предизвикаат пречки на електронските уреди за комуникација, како и на сите останати електронски системи. Тие испраќаат големи бранови на електромагнетна енергија на Земјата што влијае на нејзиното магнетно поле.

На Земјата најчесто ја препознаваме како појава наречена Аурора, која се манифестира како промена на небото над Северниот и Јужниот пол, кое го гледаме како молњевито движење на виолетова, сина и зелена боја по ноќното небо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот