Подгответе највкусен зимски сладолед од тиква

Кој рече дека зима не се јаде сладолед? Ние го пробавме овој рецепт и срдечно го препорачуваме.

Уживајте во сите миризби на зимата и во омилениот десерт-сладоледот, но овојпат од тиква. Рецептот се подготвува многу едноставно.

Потребни намирници – една помала тиква (околу 500 грама), 3 банани, малку цимет, куркума, кардамон и мускатно оревче, малку вода.

Подготовка 

Исчистете ја и излупете ја тиквата. Исечкајте ја на коцки и ставете ја да се вари. Варете 15-на минути, и кога ќе биде целосно мека, оставете ја да се излади. Откако ќе биде ладна, ставете ја во замрзнувач. Истотака и исчистените банани ставете ги во замрзнувач. После 3-4 часа, извадете ги и може да го направите сладоледот. Во блендер или во сад за миксер ставете ја тиквата, бананите, зачините и многу малку вода. Кога смесата ќе се соедини, префрлете ја во сад и ставете ја во замрзнувач. Оставете ја во замрзнувачот уште половина час. Сервирајте го сладоледот, наросете врз него цимет (може и малку мед) и уживајте во зимските вкусови и миризби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот