Подгответе ги носиите, ќе се избираат зет и невеста

Месната заедница Галичник како организатор на традиционалната манифестација Галичка свадба објавува оглас за избор на зет и невеста за Галичката свадба 2019 година, која ќе се одржи од 12 до 14 јули.

Заинтересираните кандидати за зет и невеста за Галичката свадба, најдоцна до 20.5.2019 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „За избор на зет и невеста“.

При изборот предност ќе имаат кандидатите кои се по потекло од Галичник, двајцата или само едниот од нив; претходните години да учествувале како статисти или во друга улога во Галичката свадба;  да учествувале во спроведувањето на активностите на Месната заеница; претходно да не се венчани во црква со оглед на тоа дека значаен чин од Галичката свадба е самото венчавање на зетот и невестата во црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник.

Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.5.2019 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот