В сабота (8 август) ќе стартува новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига.
Двојките во првото коло се: Шкупи – Шкендија, Македонија ЃП – Работнички, Беласица – Силекс, Пелистер – Академија Пандев, Вардар – Борец, Ренова – Струга Трим Љум.
Како што од претходно најавија од ФФМ, на нивни трошок се водат тестирања за Ковид-19 за фудбалерите и стручниот штаб на прволигашките клубови во машка и женска конкуренција.
Денеска Македонија Ѓорче Петров објави на својот официјален фејсбук профил дека сите членови се негативни на коронавирус и подготвени за фудбал.