Подготовки, најави и набавки: Европската Комисија ќе предложи механизми за споделување на анти-ковид вакцините

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Бројот на заразените од ковид-19 во земјава се намалува, а по празничниот период се враќа работното време на угостителските објекти засега до 21 часот и продолжуваат активностите за набавка на вакцини. Државава ги очекува најавените вакцини од Србија, а за овој процес се очекува солидарност и од земјите членки на Европската Унија (ЕУ).

Од Европската Комисија (ЕК) вчера најавија дека ќе предложат механизми за споделување на вакцините со земјите надвор од ЕУ.

– Треба да ги поддржиме нашите соседи да ги вакцинираат работниците во првите редови, на Западен Балкан, од Источното Партнерство, во Африка и за тоа Европската комисија предлага механизам за споделување на вакцините или директно или преку Ковакс, изјави вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа ги прекори и земјите членки на ЕУ затоа што не покажуваат солидарност за вакцините.

– Некои ќе прашаат како да споделиме кога и самите не сме сите вакцинирани. Нив им одговарам дека не е само солидарност во прашање, туку и личниот интерес, порача Фон дер Лајен, истакнувајќи дека во прашање е и кредибилитетот на ЕУ на геополитички план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот