Поделени топките „Спалдинг“ на прволигашите

kfsm.mk

Топките донирани од Кошаркарската федерација на Македонија се задолжителни за сите натпревари во организација на КФСМ.

Раководството на македонската кошаркарска федерација денеска им ги подели топките Spalding TF-1000 кои кон крајот на минатиот месец беа најавени како донација од КФСМ за клубовите кои претстојната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција.

Да потсетиме пред една седмица беше одржан ждребот за натпреварувачките броеви на клубовите кои претстојната натпреварувачка сезона ќе се надигруваат во Првата лига (мажи) која треба да започне на 5. октомври.

МЗТ Скопје Аеродром е бранител на шампионската титула освоена минатата натпреварувачка сезона 2018/2019.

Топките донирани од Кошаркарската федерација на Македонија се задолжителни за сите натпревари во организација на КФСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот