Поделени хуманитарни пакети за пензионерите со најниски примања во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров заедно со хуманитарната организација „Свети Спас“ поделија хуманитарни пакети на пензионерите со најниска пензија и трудови лица со инвалидитет, за како што велат, да им помогнат во време кога секое семејство се соочува со финансиски потешкотии поради скапите домаќински производи.
Наша задача како локална самоуправа е да се грижиме за нашите сограѓани и да обрнеме внимание на загрозените категории коишто навистина се соочуваат со големи егзистенционални проблеми.Човечки и христијански е да се помага и да се прават убави работи, особено кога се работи за наши пријатели, роднини, сограѓани кои имаат потреба од наша помош – вели градоначалникот Александар Стојкоски.
Тој додава дека се надева дека и во иднина ќе им излезат во пресрет на граѓаните кои имаат потреба од помош.