Поделени 76 ваучери за новороденчиња во Кисела Вода

Секретарот на општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска подели 76 ваучери во висина од 6.000 денари за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца, информираат од Општината.

Оттаму велат дека Општината ваучерите ги доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзина територија.

За добивање на ваучер, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето, се наведува во соопштението од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот