Поделени 550 заштитни маски на граѓаните на Крива Паланка

Во Крива Паланка денеска волонтери на Општинската организација на Црвен крст, претставници на Совет на млади и од општинската комунална служба спроведоа акција за делење заштитни маски на граѓаните.

Беа поделени вкупно 550 маски кои општинскиот кризен штаб на Крива Паланка ги доби како донација од општествено одговорна компанија од градот.

-И денеска на граѓаните им поделивме маски, пред се повозрасните жители на општината лицата кои беа присутни на повеќе фреквентни локации во ооштината: пред банкоматите и банките, пред аптеките, маркетите, но и на главната улица. Со претходните 450 маски поделени пред неколку дена, доделивме вкупно 1000 маски на жителоте кои беа затекнати без маски или не успеале да си набават, информира градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Иницијативата, појасни, е на општинскиот кризен штаб согласно препораките на Владата за задолжително носење маски на отворен простор, како и во затворени простории, а логистичка поддршка им пружи како и во целито период на справување со пандемијата, Општинската организација на Црвениот крст Крива Паланка.

Мобилните тимови на Црвен крст се на располагање на граѓаните, на повозрасните, на стари и изнемоштени лица, како и на сите што имаат потреба од достава на храна и намирници, како и лекови на домашна адреса. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот