Поделба во ЕУ: Макрон или Меркел?

Канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европската Унија и НАТО ја подели Европа. Со Макрон посебно не се согласува германската канцеларка Ангела Меркел. Таа смета дека Макрон искористил многу „суров“ речник. Таа порача дека не го дели неговото мислење, пренесе „Б92“.

– Европа сосема сигурно се најде во хаос кој од поодамна трае и тешко е да се процени во која насока ќе продолжи да се движи. Изјавата на Макрон во суштина не е ништо ново, тоа се само нови формулации кои се многу драстични и брутални. Тоа е сега, по интонацијата, подраматично отколку што тој вообичаено зборува – рече за „Спутник“ долгогодишниот дописник на весникот „Политика“ од Германија Мирослав Стојановиќ.

Стојановиќ вели дека Меркел и Макрон започнале да имаат различни ставови кога францускиот претседател изјави дека на ЕУ ѝ е потребна радикална реформа.

– Концептот на Макрон е познат уште од неговиот фамозен говор на Сорбона, кога рече дека ЕУ повеќе не може да има некоја внатрешна кохезија со постоечките механизми и во композиција со 28, одсносно 27 членки, и дека на ЕУ ѝ е потребна радикална реформа – анализира Стојановиќ.

„Тој тандем претходно секогаш отвараше нова страница во тој најголем поствоен проект – Европската Унија. Меѓутоа, тандемот одамна не фукнционира добро“, објаснува Мирослав Стојановиќ.

Дописникот на „Политика“ исто така смета дека Макрон сака да се постави како лидер на Унијата, на некој начин, да ја преземе лидерската палка од Ангела Меркел.

– Засега освен оние кои ги застапуваат Меркел и Макрон, во Европа не постои трет концепт за консолидација на Европската Унија, ниту пак личност која би можела да ја наметне како тема, а не па да ја реализира – вели Стојановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот