Поддршката од партијата клучна за опстанокот на Нетнјаху на власта

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот премиер Бемнјамин Нетанјаху се соочува со барања за поднесување оставка по последниот објавен корупциски скандал.

Тој веќе кажа дека нема да поднесе оставка откако вчера против него беше покренато обвинение за примање поткуп, измама и кршење на довербата, пренесоа британските медиуми.

Седумдесетгодишниот лидер на десничарската партија Ликуд ги негира сите кривични дела што му се ставаат на товар и обвинението го оценува како „обид за државен удар”.

Неговиот главен политички ривал, лидерот на коалицијата „Сино и бело”, Бени Ганц, преку соопштение го повика веднаш да си поднесе оставка.

Според израелскиот закон, премиерот нема обврска да поднсеува оставка, но бидејќи Израел брзо оди кон оддржување трети избори за помалку од една година, Нетанјаху може да се најде во многу тешка позиција.

Поддршката на неговите колеги од партијата ќе биде клучна за опстанокот на Нетнјаху на власта, наведуваат британските медиуми.

Оделни министри од неговата влада издадоа соопштение во која ја дадоа својата поддршка, а министерот за правда Амир Охана дури изјави дека е горд што пратениците на Ликуд застанаа зад својот лидер, додавајќи – „освен двајца”.

Ултранационалистичкиот партнер на Нетанјаху во Владата, министерот за транспорт  Безалел Смотрич, исто така, изрази поддршка за премиерот. Тој на Твитер напиша дека планираните улични протести во знак на поддршка на премиерот имаат за цел да ги спречат „грабливите, насилните и опасните правосудни диктатори”.

По синоќешното телевизиско обраќање до нацијата Нетанјаху денеска на Твитер постави срце и израелското знаме и под тоа напиша „Ви благодарам за вашата подршка и љубов, Шабар Шалом”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот