Поддршка за Унилатералната изјава од владиниот Совет за македонски јазик
Владиниот Совет за македонски јазик ја поддржува Унилатералната изјава доставена до Европската Унија(ЕУ) и Министерството за надворешни работи(МНР), соопшти Советот.
Препорачано
„Литературниот/стандардниот македонски јазик конечно е кодифициран во 1945 година, како резултат на подолг процес на културна и писмена активност. Во согласност со сознанијата, затврдени со широкоприфатените теории и емпириските теренски истражувања на современата домашна и светска славистичка и лингвистичка наука, македонскиот јазик има свој историски, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на посебниот развој на сите негови дијалекти и на неговиот дијалектен континуум, кои се распространети на целиот негов говорен простор. Во основата на современиот македонски стандарден јазик лежат централните говори на западното наречје, односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес“, се вели меѓу другото во соопштението.
По објавувањето на Унилатералната изјава, имаше бурни реакции на стручната јавност, која бараше повлекување на документот и составување на нов, поради како што велат, неточности со просторниот и временски континуитет на македонските јазик.


