Поддршка од Владата за афирмација на културните и националните вредности

Премиерот Зоран Заев, денеска, се сретна со претставници на неколку национални Институти во земјава, со кои разговараше за унапредување на условите за остварување и напредок на научно-истражувачката работа, соопштуваат од Влада.

Премиерот Заев на средбата со раководителите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за македонска литература, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, сите од Скопје, како и Институтот за старословенска култура од Прилеп, ја истакна поддршката на Владата за унапредување на научно-истражувачката дејност како императив за афирмација на културните и национални вредности на државата, стои во соопштението на владината прес-служба.

Премиерот Заев и претставниците на националните институции ја потенцирале и важноста на поддршката на институциите во сите витални сегменти, како што се подобрување на условите за научната работа и проектите, зголемување на високообразовниот кадар, како и нивна соработка, преку заедничка партиципација во реализација на значајни домашни и меѓународни проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот