Поддршка од САД за евроатлантската перспектива на земјава

На маргините на четвртиот Самит во Солун, премиерот Зоран Заев синоќа имал средба со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, на која станало збор за евроатлантската перспектива на земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

– Одлична дискусија со премиерот Зоран Заев за силната американска поддршка на САД за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ и за важната улога на Грција во оваа евроатлантска иднина преку зголемената соработка во одбраната и безбедносната, енергетиката, трговијата и инвестициите- напиша американскиот амбасадор во Грција на неговиот официјален Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот