Податок според кој Ѓоковиќ може да биде најдобриот на сите времиња! (ФОТО)

Од 1973 година, кога ќе се избројат најдобрите недели по 30. роденден, рекордер е Рафаел Надал со 68 недели, втор е Новак Ѓоковиќ кој има 55..

Разбиен е „митот“ за доминацијата на швајцаскиот ас Рожер Федерер во доцните тениски години…

Новак Ѓоковиќ во понеделникот влезе во врвот на АТП-листата во 278. недела, чекор поблиску до рекордот кога станува збор за бројот на недели на тронот, а вториот податок е далеку поинтересен.

Имено, од 1973 година, кога ќе се избројат најдобрите недели по 30. роденден, рекордер е Рафаел Надал со 68 недели, Новак Ѓоковиќ има 55, а Рожер Федерер има само 25 недели првото место на АТП-листата!

Многумина во светот му се восхитуваат на Федерер за долговечноста во тенисот, со оглед дека тој доминира и победува на 39 години, реалноста е дека поминал само половина година од својот 30. роденден како број еден.

На српскиот тенисер му претстои задача да го престигне Рафаел Надал, а под Ноле е Андре Агаси со 33 недели.

После Федерер на листата е Иван Лендл со 23 недели, Џими Конорс има 17 години, Енди Мареј 14, а Џон Њукомб осум недели.

Колку е одлучен Новак да ја зацврсти доминацијата и биде најдобриот на сите времиња, сведува и фактот што неодамна го промени планот и го врати Монте Карло во календарот, во желбата дека може да му парира на „кралот на земјата“, Рафаел Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот