Податоците на речиси 20 милиони граѓани од Еквадор протекоа на Интернет

Фото: Aрхива

Еквадорската Влада го истражува случајот со објавувањето на личните податоци на милиони граѓани на Интернет, ситуација која ја оценија како „многу деликатна”.

Според властите податоците биле добиени од приватна компанија за време на поранешниот претседател Рафаел Кореа, кој управуваше со земјата од 2007 до 2017 година.

– Тоа е многу деликатна ситуација, повод за голема загриженост за целата Влада и за земјата, изјави на прес-конференција министерката за внатрешни работи Марија Паула Ромо.

Фирмата за информатичка безбедност VpnMentor на својот веб сајт објави дека открила лични податоци на околу 20 милиони лица, повеќето од Еквадор, кој има население од 17,3 милиони луѓе. Податоците се наоѓале на незаштитен сервер во американската држава Мајами, сопственост на еквадорската фирма Новаестрат. Податоците произлегуваат од различни места, вклучително и од регистри на еквадорската Влада, компанија за автомобили и две банки.

Еквадор нема закон за заштита на личните податоци.

Според министерот за телекомуникации Андрес Мичелена податоците биле собрани од приватна фирма за време на власта на претходниот претседател Кореа. Тој дополни дека во случајот се вмешани вработени во националниот информатички систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот