„Подај рака – донирај за твојот сосед” – хуманитарна акција во општина Карпош

Од понеделник, 12 април, до петок, 16 април, сите граѓани на општина Карпош ќе имаат можност да донираат прехранбени продукти и средства за хигиена, за домаќинствата во социјален ризик. Производите можат да се донираат во просториите на урбаните заедници (УЗ), од 8.00 часот до 15.00 часот.

Локациите и контактите од УЗ можат да се најдат на https://bit.ly/39Q1oA2.

Станува збор за хуманитарната акција „Подај рака – донирај за твојот сосед”, која општина Карпош ја спроведува во пресрет на Велигденските празници. Основната цел е да се помогне на социјално – загрозените граѓани и домаќинства.

– Веќе втора година живееме во ек на светска пандемија од ковид-19. Во овие моменти, вредностите како хуманост, солидарност и емпатија треба да бидат уште поизразени, а поддршката за најсиромашните уште поголема. Од таа причина, ги повикуваме сите жители на Карпош да ја покажат својата хуманост и да донираат трајни прехранбени продукти/средства за хигиена во урбаните заедници, наведува Општината и додава дека во акцијата ќе се вклучи и општинската администрација.

При спроведување на донацијата, задолжително да се спроведуваат мерките за заштита од ковид-19 (да се носи маска, да се држи дистанца и да не се задржуваат подолг временски период во просториите на УЗ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот