Под урнатините на хотел заробени браќа: Барале помош, но сега не одговараат на повиците

Во серијата земјотреси кои ја зафатија Албанија, во Драч се урна и еден хотел, а постои сомнеж дека под урнатините се заробени браќа од Косово.

Како што пренесуваат албанските медиуми, браќата наводно биле на одмор, кога дошло до серија земјотреси.

Тие успеале по телефон да повикаат помош под урнатините, но повеќе никој од нив не се јавува на телефон.

 

Полицијата одговори на повик од хотелот Тропикал во Драч, кој е уништен во земјотресот, за да открие дали има мртви. На самото место дошле со кучиња трагачи.

Се сомневаат дека во урнатинтие се затрупани браќа од Косово, меѓутоа се уште не е потврдено дали загинале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот