Под притисок на воздушни напади на армијата на Мјанмар: Тајланд се подготвува да прими илјадници бегалци

Фото: EPA/NYEIN CHAN NAING

Тајландските власти на северозападната граница на земјата денеска се подготвуваат за можен нов прилив на припадници на етничката заедница Карен кои бегаат од нови воздушни напади на војската на Мјанмар.

Војската на Мјанмар ноќеска изврши три воздушни напади во близина на границата со Тајланд под контрола на вооружена етничка група, според хуманитарната организација „Фри Бурма Ренџерс”, која обезбедува локална медицинска и друга помош.

– Можно е едно лице да е повредено во воздушните напади, но нема загинати, изјави претставник на организацијата.

Како што пренесуваат странските агенции, нападите најверојатно се одмазднички за акциите на Националната ослободителна армија Карен, во борбата за поголема автономија, која во саботата нападна и окупира владин воен пункт, при што загинаа десет војници, а повеќе беа заробени.

Во неделата, околу 3.000 луѓе ја преминаа реката што ги дели Мјанмар и Тајланд и влегоа во тајландската провинција Мае Хонг Сонг по два дена воздушни напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот