Под притисок на корона-кризата: МАН отпуша 9.500 вработени

Германскиот производител на автобуси и камиони, МАН објави дека ќе укине 9.500 работни места во матичната земја и во Австрија за намалување на трошоците и за пребродување на корона-кризата.

Планираните откази треба да ги зголемат приходите на МАН до 2023 година за 1,8 милијарди евра, се наведува во соопштението на МАН кој е член на групацијата „Тратон“ на Фолксваген.

Планот за намалување на трошоците предвидува и реорганизација на развојната и прозводствена мрежа на МАН.

Погоните во австриски Стејр и во германските градови Плауен и Витлих би можеле да бидат комплетно затворени.

Најавата за откази не наиде на изненадиување меѓу вработените, знаејќи дека производството на МАН беше прескапо и пред корона-кризата.

Застојот на производството, нарушувањето на глобалната мрежа за снабдување и падот на побарувачката во време на пандемијата на Ковид-19, се очекува да ја чини автомобилската индустрија милијарди долари само во оваа година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот