Под набљудување 16 лица во САД кои биле во контакт со носител на корна вирусот

Вирусот брзо се шири и затоа се зголемуваат стравувањата за неговата смртност, откако за малку повеќе од еден ден дојде до драматично, речиси двојно, зголемување на смртните случаи, од девет на 17 лица.

Најмалку 16 лица, кои биле во близок контакт со првиот дијагностициран носител на новиот коронавирус во САД, се набљудуваат од медицинските власти, пренесоа  британските медиуми.

Вирусот брзо се шири и затоа се зголемуваат стравувањата за неговата смртност, откако за малку повеќе од еден ден дојде до драматично, речиси двојно, зголемување на смртните случаи, од девет на 17 лица.

Пациентот, кој е првиот случај во САД на заразен со вирусот, е 30-годишен маж, и нема опасност за неговиот живот. Тој наскоро ќе треба да биде отпуштен од болница, тврдат од регионалниот Медицински центар во Еверет, во сојузната држава Вашингтон.

-Засега ниту едно од лицата кои се ставени под набљудување не покажа симптоми на болеста, изјави Џон Вајсман, регионален министер за здравство во државата Вашингтон.

Во оваа фаза, наведува американската здравствена служба, ризикот за општеството е низок.

Американскиот државјанин веројатно бил заразен во ноември и декември 2019 година, откако патувал до својот роден град Вухан, каде вирусот за првпат беше регистриран и на 20 јануари беше дијагностициран како прв заразен во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот