Под мотото „Трчаме и рецитираме“: Трка на поезијата на 23 мај во Струга

Под слоганот „Трчаме рецитираме” на 23 мај во Струга ќе се одржи „Трка на поезијата”, во организација на здружението „Спортски мостови” од Струга. Целта на настанот, како што соопшти организаторот, е да се подигне свеста на луѓето за важноста на физичката активност, како и промоција на спортот и трчањето.

– Преку трката на поезијата, од пет и од 10 километри, Струга ќе биде домаќин на голем број успешни спортисти и атлетичари, спортски работници, како од нашата земја, така и од другите држави. Слоганот „Трчаме рецитираме” дава многу убава релација на спортот и она што е препознатливо за овој град, а тоа е поезијата, посочија од здружението „Спортски мостови”.

Трката од 5 километри ќе биде од рекреативен, а од 10 километри од натпреварувачки карактер. Предвидена е и детска трка од еден километар.

Здружението информира дека во зависност од состојбата со пандемијата од Ковид 19, дополнително ќе објави подетални имформации околу целиот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот