Под мистериозни околности исчезна Рудолф Елезовиќ: На поранешниот началник на полицијата од Улцињ му се губи секаква трага на албанската страна

Албанската полиција се вклучи во потрагата по Рудолф Елезовиќ, поранешен началник на полицијата на црногорскиот град Улцињ, кому, од пред неколку дена му се губи секаква трага.

-Под мистериозни околности исчезна Рудолф Елезовиќ, поранешен началник на полицијата во Улцињ. Сите контакти со неговото семејство се губат од 27 мај, на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во областа меѓу селата Пентар и Реч, пренесува Ора њуз.

Според истиот извор последен регистриран контакт е со негов близок роднина вечерта на 27 мај, кому му кажал дека чека лице во близина на областа Пентар на реката Буна за да го пренесе со чамец на црногорската страна и од тој момент му се губи секаква трага.

-Од неодамна Елезовиќ работел во секторот за борба против недозволена трговија во црногорската гранична полиција. Полициите на двете земји во соработка ја истражувале појавата на недозволена трговија од секаков вид од двете страни на границата, додава телевизијата.

Посочува дека Рудолф Елезовиќ во последно време неколкупати ја минал границата меѓу Албанија и Црна Гора, врз основа на билатералните договори на полициите на двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот