Под истрага за поткуп инспектор за екологија, место да лови загадувачи во Македонски Брод, барал мито во Кичево

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина е приведен под сомнение дека земал поткуп од 200 евра со цел да се избегне затворање на склад за хаварисани возила што не работел во согласност со прописите. Тој на 22 април годинава, според планот за инспекциски надзори, требало да биде во Македонски Брод, но самоиницијативно отишол во Кичево, откако добил патен налог само за Македонски Брод. За среќа, сопственикот на складот не подлегнал на искушението да плати за молчење, туку се охрабрил да го пријави случајот во полиција. Обележаните пари кај инспекторот се основ за сомневање, а инспекторот А.Р. е под истрага.

Директорката на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска на вчерашната прес-конферениција го осуди обидот на инспекторите за земање поткуп во замена за амнестија на загадувачите и ги повика граѓаните да пријавуваат поткуп бидејќи тоа ќе помогне во зголемена казнивост на загадувачите.

– Граѓанските здруженија за заштита на животна средина укажувале дека инспектори ги прикриваат загадувачите за да добијат поткуп. Таа спрега е погубна за животната средина бидејќи корупцијата зајакнува, а загадувањето се зголемува на штета на здравјето, вели директорката на Инспекторатот, а случајот со уапсениот инспектор во Кичево е уште еден пример за злоупотреба на службени овластувања на штета на животната средина.

Петровска најави дека вакви истраги ќе се водат за секој инспектор за кого има сомневање дека е во спрега со загадувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот