Поцков: Границата е затворена, гевгеличани се придржуваат до вонредните околности

-Границата е затворена. Тоа е наша мерка, а Грците од пред два дена не ги пуштаат граѓаните. Гевгеличани се придржуваат до вонредните околности. Покажуваат самосвест, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.

Општината им помага на лицата со ниски примања, но и на старите и изнемоштени лица.

-Ова потсетува на 2015 година и потсетува на бегалската криза. Се функционира како што треба – полиција, војска, здравствени работници. Општината прави акција за лицата со ниски примања, стари и болни, изјави Поцков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот