ПОЦ минатата недела санкционирале 259 возачи
ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата недела санкционираа 259 непрописно паркирани возила коишто го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 19 до 25. август, со помош на специјалните возила „пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 133 непрописно паркирани возила, од кои две несовесно паркирани возила на места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „блокатор” санкционирани се 126 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во коишто биле паркирани, соопшти ПОЦ.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците