Почнуваат завршните вечери на „Струмица опен фестивал”

Вечер со настапот на Жељко Самарџиќ, Гери Никол, Brass Brothers”, Перо Христов со неговиот јубилеј-50 години кариера и „Јупитер” и гости од „Никад није касно” почнуваат завршните три музички вечери на Струмица опен фестивал.

Утревечер на големата сцена на плоштадот „Гоце Делчев” главна ѕвезда е Северина, а пред неа ќе настапат Бени и Нон стоп и Дарио.

Затворањето на годинашното издание на фестивалот в недела е резервирано за Горан Бреговиќ и „Бијело дугме”, а пред нив настап ќе имаат „2 Бона” и Мирза Селимовиќ.

Од почетокот на фестивалот, кој трае три месеци, се одржаа 27 настани на рекордни 13 локации во Струмица, а според организаторите годинашното издание е во знакот на спортот, културата, уметноста и музиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот