Почнуваат уписите на првачињата, ќе се примаат ли невакцинирани

Фото: Профимедиа

Утре почнуваат уписите на првачињата во основните училишта, а прашање е дали ќе се примаат и оние кои не се вакцинирани, поради дилемата дека имунизацијата е задолжителна, но задолжително е и основното обрзование. Родителите мора да достават вакцинален картон, а од Министерството за здравство потврдуваат дека останува на одлуката да не бидат примени во образовниот систем децата кои не се имунизирани. Ова особено се однесува на вакцината против МРП поради големата епидемија со мали симаниците што беше прогласена на териотријата на целата земја.

Засега од Министерството за образование нема одговор на прашањето дали е дадена наредба да не се запишуваат во училиште невакцинираните деца. Здравствените власти се категорични дека со ваква мерка ќе ја спречат епидемијата и ќе го подигнат колективниот имунитет.

Антиваксерите, пак, сметаат дека образованието е задолжително, а тие како родители одлучуваат дали детето ќе биде вакцинирано.

И додека многумина дебатираат и се расправаат за вакцинирањето, во земјата секојдневно расте бројот на заболени со морбили. Изминатото деноноќие на Инфективна примиле 10 пациенти со мали сипаници,  11 месечно бебе и 16-годишен пациент се борат за живот и се на апарати за дишење поради компликациите од заразата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот