Почнуваат подготовките за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата на денешната седница донесе одлука да отпочнат подготовки за спроведување серија активности по повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија.

Во насока на организирање на подготовките, согласно стандардите за одбележување значајни годишнини, ќе бидат формирани соодветни работни тела кои треба да ги обезбедат организацијата и спроведувањето на програмските активности за одбележување на 30-годишнината од независноста на Северна Македонија, како еден од најважните и најзначајни датуми и процеси од современата историја на нашата земја, информира владината прес-служба.

На седницата е донесена и одлуката за утврдување на летното сметање на времето кое во 2021 година започнува на 28 март во 02:00 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот