Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусота, а овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа, соопшти денеска Владата.
Владата на вчерашната седница донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.

Во одлуката се наведува дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за КОВИД-19, за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот