Почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Годинашното триесетто јубилејно издание на Струмичкиот карневал во организирана форма почнува вечер со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот на карневалистите. Во наредните осум денови, колку што траат карневалските празнувања, карневалистите симболично ќе управуваат со градот.

Веднаш потоа ќе се одржи свечена седница на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал по што ќе биде презентирана монографијата по повод јубилејот 30 години од организираното постоење на еден од најпознатите карневали во Европа.

На повеќе поединци и организации ќе им бидат доделени признанија, а првиот крневалски ден завршува со отворање на ретроспективна изложба „Струмички карневал-30 години ѕвезда под небото”.

Главниот настан на Струмичкиот карневал е Интернационалната карневалска вечер која ќе се одржи в сабота. На неа ќе бидат презентирани вкупно 46 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија со над 1.200 учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот