Почнува вакцинацијата во Албанија: Обезбедени 500.000 дози од вакцината на Фајзер и Бионтек

Во Албанија денеска почнува вакцинацијата против коронавирусот, истакна премиерот Еди Рама.

„Добри вести. Почнува вакцинацијата против Ковид-19“, напиша Рама на својот Фејсбук профил.

Деталите за процесот на вакцинација се уште не се познати.

Владата во Тирана обезбеди 500.000 дози од вакцината која ја произведоа компаниите Фајзер и Бионтек.

Фото: Принтскрин

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, изјави дека првите 10.750 дози од вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецов, а уште 30.250 дози во февруари.

Пред неколку дена тој го посети стадионот „Ер Албанија” заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот