Почнува трката за Покетино, четири гиганти во игра за неговиот потпис

Фото: твитер

Маурицио Покетино по пет години на „Вајт Харт Лејн“ од утрово е минато на Тотенхем. Аргентинецот го направи Тотенхем еден од најдобрите англиски премиерлигаши, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите, но сезонаба поради лошите резултати беше приморан да си замине.

Сепак, Покетино добро ќе го наплати отказот, на неговата сметка ке легнат околу 15 милиони фунти.
Се чини дека одличниот тренер нема долго време да биде без работа, веќе неколку гиганти го обновија интересот за Покетино.

Во текот на летото за неговите услуги беа заинтересирани гигантите Реал Мадрид и Јувентус, но тогаш Покетино одлучи да се заблагодари на понудите и остана во Тотенхем.

Според англиските медиуми, Покетино е најблиску до клупата на Баерн Минхен кој пред еден месец му даде отказ на Нико Ковач. Се шпекулира дека Покетино е можно веднаш по божиќните празници да биде промовиран во нов тренер на германскиот гигант, каде во моментов како привремено решение е Ханси Флик.

Втор фаворит е Манчестер јунајтед кој никако да најде долгорочно решение по заминувањето на сер Алекс Фергусон. Во моментов на клупата седи Оле Гунар Солскјер но резултатите се разочарувачки и лесно може да се случи Норвежанецот да добие отказ во најскоро време. Сепак, кај раководството на Јунајтед, прва желба е Масимилијано Алегри кој од летово е без работа, додека Покетино е резервна опција и само поради тоа, Баерн Минхен е фаворит за неговиот потпис.

Останатите два гиганти кои покажуваа интерес за неговите услуги во минатото се Реал Мадрид и ПСЖ, но засега позициите на Зинедин Зидан и Томас Тухел се сигурни, но доколку Покетино евентуално остане без работа до идното лето, тогаш и тие ќе се вклучат во трката за неговиот потпис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот