Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта

Фото: Профимедиа

Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во школите следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава.

Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската вакцинација да ги даде очекуваните резултати.

– Во постојана комуникација сме со министерот за здравство и навистина станува збор за алармантна ситуација. Така што сме во фаза на изнаоѓање на што подобро законско решение и во Законот за основно образование, каде што при упис во основните училишта треба да се приложи аргумент дека вакцините се примени. Но, секако, секоја наша одлука треба да биде во насока и во согласност и со уставните одредби каде што основното образование е задолжително и со вредноста дека треба да се запази да не се загрозува јавното здравје на било кој – вели Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот