Почнува Skopje Photo Week 2020

Учество на најдобрите светски и домашни експерти, како и награден фонд од 100.000 денари, најавуваат организаторите на Skopje Photo Week” (Скопје Фото Недела) – (SPW2020).

Меѓународниот настан одбележува петгодишен јубилеј, а ќе се одржува денеска и утре. Традиционално го организираат Ангеловски Фотографија и Грег Момент од Полска, но годинава во поинаков, онлајн формат, поради корона кризата, како и со различно име.

Изминатите четири изданија беа насловени International Summit of Photographers & Videographers (ISPV).

-Петта година по ред, Скопје е домаќин на најдобрите фотографи. Сите заинтересирани може да го следат настанот во живо, а учесниците бесплатно да се регистрираат на https://www.facebook.com/events/407702710250436/, велат Ангеловски Фотографија и Грег Момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот