Почнува санацијата на главниот цевковод на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро

Активностите што предвидуваат чистење и обложување на цевководот одвнатре со специјален непропустлив материјал ќе се изведуваат наредните четири месеци, а во тек на самите зафати делумно временски ќе биде стопиран дел од сообраќајот во близина на трасата каде минува цевководот.

Фирмата „Еко тим” од Скопје, филијала на „Инд Еко” од Риека од наредната седмица почнува со зафати за санација на канализациската мрежа од Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, на главната траса од потегот од Лагадин до Охрид и од Охрид до Струга.

Активностите што предвидуваат чистење и обложување на цевководот одвнатре со специјален непропустлив материјал ќе се изведуваат наредните четири месеци, а во тек на самите зафати делумно временски ќе биде стопиран дел од сообраќајот во близина на трасата каде минува цевководот.

Од граѓаните се бара да ја проверат исправноста на своите одводни сифони и да ги наполнат со вода како би спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност, а кои можат евентуално да се појават во текот на санацијата на станбените простори.

Прочитајте и...  Гренел ќе се повлече од функцијата амбасадор на САД во Берлин во наредните недели

Притоа станарите на одредени објекти ќе бидат информирани за текот на активностите, во тоа време да се воздржат од користење на канализациските состави или употребата да ја сведат на минимум бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на цевководот.

Санацијата на самиот систем се спроведува со најсовремена технологија, со чистење на цевководот одвнатре без ископ на постојната мрежа. Во постоечките колекторски цевки ќе се вметнува специјален непропусен полиуретански материјал, што ќе спречува излевање на отпадните води надвор од системот, но и навлегување атмосферска вода во него.

Како што беше истакнато од страна на изведувачот, предноста на таквата технологија е што за време на активностите не се уништува надземна и подземна инфраструктура, а работата се одвива многу побргу од класичното ископување и замена на цевките.

Прочитајте и...  Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Со реконструираниот Колекторски систем ќе стопанисува новоформирано јавно претпријатие, целосно исчистено од долговите што ги имаше кон поранешното меѓуопштинско претпријатие „Проаква” под чија ингеренција работеше во минатото.

Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води беше изграден со самопродонес на граѓаните на Охрид на почетокот на 80-тите години на минатиот век. Продолжената негрижа доведе до тоа системот децении да работи со само околу 20 отсто од капацитетот, со чести дефекти и прегорувања на моторите од препумпните станици кои поради порозноста на цевководот немаа капацитет да ја примат сета вода што навлегуваше и го преоптоваруваше системот при секои посилни врнежи. Со предвидените активности за санација е предвидено системот да биде целосно функционален и без проблеми да опслужува наредните 15 години.

Прочитајте и...  Поглаварот на ИВЗ прогласи победа над пандемијата со ковид-19

Прочитај повеќе

Кој е посилен од државата?

Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Слободен печат

Кумановци горди на двајцата доктори сограѓани беа дел од тимовите за трансплантација на срце и бубрези

Слободен печат

Протести во Минск против кандидатурата на Лукашенко за шести мандат

Слободен печат

Во Грција основните училишта и градинките се отвораат од 1 јуни

Слободен печат

Манчевски: Ако нема избори на 21 јуни, тогаш мора да се продолжи вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се слави во Чаир: Оро за време на полициски час? (ВИДЕО)

Слободен печат

Скоро пет и пол милиони лица заразени со Ковид-19

Слободен печат

Земјотрес го погоди Иран, најмалку 6 лица повредени

Слободен печат

Јовески: Поради новонастаната состојба одредени дејствија се одлагаат или не се преземаат

Слободен печат

Најмалку 107 лица заразени со коронавирус на миса во Франкфурт

Слободен печат

Драма во Сараево: Мечка се бори за својот живот, едно младенче е фатено, другото се уште се бара (ВИДЕО)

Слободен печат