Почнува распоредувањето германски војници во составот на ЕУФОР во БиХ

Германија ; германски војник, германски војници, германска војска, германска армија,
Германски војник / Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

ЕУФОР соопшти дека кон средината на овој месец почнува распоредувањето 50 германски војници како зајакнување на ЕУФОР и мрежата тимови (ЛОТ) распоредени во Босна и Херцеговина.

Со пристигнувањето на германските војници мисијата ЕУФОР ќе ја сочинуваат војници од 20 земји, а распоредувањето на германските војници ќе се одвива етапно.

„Ангажираните во ЛОТ-тимовите на ЕУФОР живеат во локални заедници и овозможуваат позитивни и важни односи со населението на локално и регионално ниво. Тие тимови даваат можност и за БиХ граѓаните да бидат во непосреден контакт со ЕУФОР, што овозможува директен дијалог меѓу ЕУФОР и граѓаните“, се вели во соопштението на ЕУФОР.

Притоа се нагласува дека овој ангажман е уште еден показател за посветеноста на ЕУ за стабилна, просперитетна и европска иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина.

Германскиот Бундестаг минатиот месец одобри испраќање 50 војници во мисијата ЕУФОР во Босна и Херцеговина.

„Предвидените задачи на војниците би вклучувале поддршка и координација на обуката на вооружените сили на Босна и Херцеговина, помагање за создавање безбедна средина, како и извршување командни, набљудувачки и поддржувачки задачи. Мисијата е придонес за почитување на Дејтонскиот мировен договор од 1995 година”, се наведува во одлуката усвоена од Бундестагот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот