Почнува ракометната треска: Србите против Белорусија, екс-ју битка во Грац!

фото: Bild/Witters

Европско ракометно првенство за првпат во историјата ќе се игра со 24 учесници, од денеска до 26 јануари ќе се игра во три држави, Шведска, Австрија и Норвешка.

Со натпреварите Белорусија – Србија и Германија – Холандија вечер од 18 часот и 15 минути ќе биде отворено Европското ракометно првенство за мажи.

Mакедонската селекција во Виена во рамките од Б-групата својот прв настап ќе го има в петок против репрезентацијата на Украина. на 12 се среќаваат со Чешка, а на 14 јануари противник ќе им биде Австрија.

9. јануари 2020 година
Двојки, денеска –

18.15 часот Белорусија-Србија, Германија-Холандија
20.30 часот Хрватска-Црна Гора, Шпанија-Летонија

Група А (Австрија-Грац): Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија.

Група Б (Австрија-Виена): Чешка, Македонија, Австрија, Украина.

Група Ц (Норвешка-Трондхајм): Шпанија, Германија, Летонија, Холандија.

Група Д (Норвешка-Трондхајм): Франција, Норвешка, Португалија, Босна и Херцеговина.

Група Е (Шведска-Малме): Данска, Унгарија, Исланд, Русија.

Група Ф (Шведска-Гетеборг): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска.

Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани од секоја група.

-Кои се градовите домаќини на Европското ракометно првенство 2020?-

Европско ракометно првенство за првпат во историјата ќе се игра со 24 учесници, од денеска до 26 јануари ќе се игра во три држави, Шведска, Австрија и Норвешка.

ШВЕДСКА: Ќе се игра во Малме – „Малме арена” (капацитет 13.000 гледачи), натпревари од Е-групата.
Гетеборг – сала „Скандинавиум” (капацитет 12.000 гледачи), натпревари од Ф-групата.
Стокхолм – „Теле 2 арената” (капацитет 22.000 гледачи) натпревари од финалниот викенд.

АВСТРИЈА: Ќе се игра во Виена – „Винер стадхале” (капацитет 10.000 гледачи), натпревари од Б-групата.
Грац – „Стадхале Грац” (капацитет 6.000 гледачи), натпревари од А-групата.

НОРВЕШКА: Ќе се игра во Трондхајм – салата „Њу нидарохелен” (капацитет 8.000 гледачи), натпревари од Ц и Д групите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот