Почнува пресудниот состанок: Денеска ќе преговараат САД и Кина

Фото: Профимедиа

Високите трговски преговарачи на САД и Кина би требало денеска да се сретнат првпат уште од крајот на јули, за да се обидат да најдат излез од 15-месечната трговска војна.

Сепак, нови тензии меѓу двете најголеми светски економии ги намалуваат шансите за напредок во преговорите.

Кинескиот потпретседател на владата Лју Хе, американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и министерот за финансии Стивен Менучил, ќе се обидат да ја намалат разликата во ставовите меѓу двете земји, за да се избегне планираното зголемување на тарифите на кинеската роба вредна 250 милијарди долари, пишува Ројтерс.

Меѓутоа, атмосферата за преговорите се влоши со одлуката на Министерството за трговија на САД во понеделникот на својата црна листа да стави 28 кинески агенции за јавна безбедност и технолошки и надзорни компании, повикувајќи се на кршењето на човековите права на муслиманските малцинства во кинеската провинција Синџијанг.

Сепак, тронка надеж дека ќе дојде до смирување на тензиите влева извештајот на „Њујорк Тајмс“, кој се однесува на тоа дека администрацијата на Трамп наскоро ќе им издаде дозволи на некои американски компании за продажба на производи кои не се од „чувствителна природа“, а кои се од кинескиот произведувач на технолошка опрема Хуавеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот