Почнува пребројувањето на над половина од гласачките места на косовските избори

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) попладнево ќе започне со пребројување на гласовите во 1.472 од вкупно 2.547 гласачки места на кои се гласаше на вонредните парламентарни избори одржани во земјата на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези информира дека, откако во понеделникот Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) ги прифати жалбите на дел од учесниците на изборите по објавувањето на конечните резултати од ЦИК, Центарот за броење и резултати денеска во 16 часот ќе започне со пребројување на гласовите во над половина од гласачките места за последните избори.

ПЗАП ѝ наложи на ЦИК и да ги избрише од конечните резултати гласовите стасани од Србија, меѓутоа на оваа одлука се жалеше партијата Движење Самоопределување (ВВ), која излезе како победник на октомвиските избори, така што, пред да постапи по овој налог од ПЗАП, ЦИК ќе ја чека одлуката на Врховниот суд во однос на жалбата на ВВ.

Прочитајте и...  Руте: Италија следниот пат ќе мора да биде подготвена сама да ги решава проблемите

Доколку се поништат гласовите од Србија, како што побара коалицијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма) – Алијанса ново Косово (АКР), ВВ ќе изгуби три пратенички места, односно наместо 32, колку што имаше според конечните резултати то ги објави ЦИК на 7 ноември, ќе има 29 пратеници. Ова од причина што, без гласовите од Србија, коалицијата Нисма – АКР, која претходно имаше освоено 4,98 отсто, сега ќе има 5,12, со што ќе го надмине зиборниот праг од пет отсто и ќе има шест пратеници во новото Собрание.

Покрај тројцата пратеници на ВВ, Нисма – АКР по еден пратеник ќе им „одземе” и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) – 28 наместо првичните 29, Демократската партија на Косово (ПДК) – имаше 25, сега останува со 24 – и Алијансата за Иднината на Косово (ААК), која наместо 14, сега ќе има 13 пратеници.

Прочитајте и...  Русија е подготвена да го извезува лекот авифавир

Прочитај повеќе

Тегнел: „Шведскиот модел” против коронавирусот е подобар на долг рок

Слободен печат

АХВ: Извршен вонреден инспекциски надзор на сендвичарницата Гранд Бургер

Слободен печат

Ердоган му одговори на Западот за критиките за Аја Софија: Ова е напад врз суверенитетот

Слободен печат

Спасовски: Ние градиме за граѓаните, тие крадат за Белата палата (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев на средба со лозари во Неготино: Го решивме проблемот со долговите од винариите (ВИДЕО)

Слободен печат

МТСП: Од денес се исплаќаат средствата од правата од социјална и детска заштита

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Рама: Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со легитимните власти на суверено Косово

Слободен печат

Шекеринска од Охрид: Никој не е над законот, статусот во УНЕСКО ќе биде сочуван (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Србија 11 смртни случаи од Ковид-19 за 24 часа, 309 новозаразени

Слободен печат

Митрески: Посветено ја градиме нашата земја по европски пример (ВИДЕО)

Слободен печат

Болсонаро стави вето на закон за задолжително носење маски

Слободен печат

Во овие скопски општини има најмногу заразени лица со ковид-19

Слободен печат