Почнува пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование

Со обука на наставници денеска официјално ќе почне пилот-програмата за сеопфатно сексуално образование (ССО) во земјава, кое го најави Министерството за образование и наука.

Воведувањето сеопфатно сексуално образование во основните училишта, според МОН,  ќе значи унапредување на родовата рамноправност, но и превенција од сексуалното вознемирување и насилството. Ова образование значи знаења за начините за заштита, однесување и предизвиците коишто ги носат пубертетот и развојот до адолесценција.

Министерката Мила Царовска неодамна соопшти дека пилот-програката ќе опфати четири училишта – две урбани и две рурални со настава на македонски и на албански јазик, за потоа ова образование да се интегрира во наставните курикулуми.

Во процесот е вклучено Бирото за развој на образованието, невладината ХЕРА, како и меѓународни организациии – УНЕСКО, УНДП, СЗО, УНФПА – Фонд за население на ООН.

Како што најави ХЕРА, првиот дел од обуката за наставници ќе се одржува од денеска до 4 декември во хотелот „Александар палас”, а вториот дел ќе биде онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот