Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice”

Организатор на „Skopje on Ice” е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен.

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски” денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice”.

Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Организатор на „Skopje on Ice” е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот